Декорирајте ја вашата омилена зимска капа

22 јануари 2016

Независно дали сте љубител на разиграното слоевито облекување или пак минимализмот е дефиниција за вашиот стил, секако овој зимски период плетената, топла капа е неминовен зимски „реквизит" во речиси сечиј аутфит.

Доколку сте расположени да ѝ дадете малку поинаков, уникатен изглед, тогаш ви предлагаме идеја како тоа да го изведете во домашни услови, а притоа ви се потребни само игла, ножица, конец и украсни камења или брошеви, за кои сме убедени дека ги имате дома.

Во неколку едноставни чекори, целиот креативен процес е објаснет со фотографиите во продолжение.

 

 

 

 

Објавено:
22 јануари 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.926 пати