Девет совети од модните стилисти

10 јули 2013

Ние ќе ви понудиме девет совети кои може да ви помогнат да го подобрите сопствениот стил.

1. Пронајдете си чевли со висока потпетица кои ќе ги се допаднат

Ако сакате да изгледате повисоко и повитко, носете чевли со високи потпетици.

2. Постигнете идеален облик

Потрудете се со облеката да добиете идеален облик. На пример, девојките со широки рамена, треба да носат маици со длабоки деколтиња. Колку деколтето е подлабоко, толку рамената ќе изгледаат помали.

3. Покријте ги недостатоците

Доколку не сте голем фан на изгледот на вашите нозе, не ги истакнувајте носејќи светли панталони. Ако пак имате стомак, носете маици или туники кои не ви го оцртуваат телото

4. Не плашете се да носите мидер

Иако стилистите препорачуваат да носите мидер, сепак не избрзувајте во изборот. Тоа значи дека доколку ви смета додека го пробувате, тогаш пронајдете друг. Во спротивно ќе ви смета постојано, а можете да замислите како е со часови да носите нешто кое постојано ве стега.

5. Барајте модни детали таму каде претходно не сте барале

Модните детали како марамите и накитот се задолжителни аксесоари за добар изглед. Доколку купувате од стандардни места, можеби би било добро да проверите и на други места каде што претходно не ви текнало дека можете да најдете нешто интересно. На пример, во машкиот одел на некој бутик можете да пронајдете маици и џемпери кои искомбинирани со ремен или кратки панталони, може да изгледаат женствено.

6. Купувајте на крај од сезоната

Обичната црна маица е секогаш ин, баш како волнените панталони и џемпери. Затоа е најдобро да ги купите на намаление.

7. Пратете ги трендовите до одредена точка

Немојте слепо да ја пратите модата. Доколку одредено модно парче не ви стои или не ви одговара на годините а е во тренд, не значи дека морате да го поседувате.

8. На некои работи не треба да штедите

Вложете во црни панталони, бела кошула и црно здолниште. Со оглед на фактот дека одредени парчиња одлично одговараат во различни прилики, важно е на вас совршено да ви прилегаат.

9. Купувајте според вашата големина

Голем број жени купуваат поголеми броеви мислејќи дека на тој начин ќе ги прекријат маните, а така изгледаат само поголеми.

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Направи сам