Доколку уникатноста е предизвик за вас, тогаш следете ги нашите совети за тоа како да изградите препознатлив имиџ.

Инвестирајте во квалитет

Квалитетната облека е скапа, но ние не ви предлагаме да купувате строго скапи работи, туку да инвестирате во парчиња кои ќе ви траат неколку сезони по ред.  Јакните, фармерките и чантите секогаш треба да бидат изработени од квалитетен материјал за да имаат долг рок на траење.

Сами креирајте аутфит

Девојките кои секогаш добиваат комплименти за добриоит изглед, не трошат часови во смислувањето на комбинации, туку тоа го прават за 5 минути. Нивната креативност и начин на понесување на облеката се доволни да изгледаат совршено. Земете го примерот на Кејт Мос – фармерки, мото чизми, маица и кожена јакна.

Разбијте ја класиката

Жените кои гласат за модни икони не секогаш го бирале класичниот изглед. Бидете храбри во експериментирањето и излезете од класичната монотонија која длабоко е проткаена во вашиот имиџ.

Мешајте принтови

Иако треба да се биде внимателен при комбинацијата со принтови, тие се секогаш добар избор доколку сакате да имате несекојдневен стајлинг, кој ќе го освежи вашиот изглед.

Комплетни стајлинзи

Доколку имате проблем со изборот на облека, секогаш имајте спремено барем две до три комбинации кои се добар избор доколку не знаете што да носите, а брзате за некој настан.

Изградете автентичен изглед

Модните трендови не треба да ги пратите слепо, односно да поседувате се што е ин во моментот, туку да пронајдете што точно вас ќе ви одговара. Исто така, автентичноста се постигнува преку добар избор на модни додатоци, кои се неопходни за целосен изглед.

Проучете ја вашата телесна структура

Бидете објективни во врска со вашите пропорции за да не направите грешка при одењето во шопинг. Купувањето на еден број помали или поголеми алишта може само да ви донесе дополнителен проблем, а при тоа доколку добро ја знаете вашата телесна градба, ќе знаете што да одберете за да ги прекриете потребните делови.

Шминката е исто така дел од стилот

Сигурно имате начин на шминкање по кој сте препознатливи. Бидете секогаш средени и негувани и при тоа правете разлика помеѓу денска и вечерна шминка која треба да биде за неколку нијанси понагласена.

Вметнете маици со интересни натписи

Овие парчиња се апсолутен хит сезонава. Доколку сакате да ја истакете вашата младешка страна, одберете маица со некој интересен натпис или апликација.

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Направи сам