Дознајте ги триковите во модниот свет

2 август 2013

Поза

Моделите изгледаат многу слабо поради начинот на некои пози. Позирањето малку на страна со едната нога напред ја прави фигурата издолжена. Рака на колк и главата на страна исто така ги прави моделите послаби одошто се.

Светло

Јакото студиско светло ги осветлува моделите и ги намалува сенките. Правилно наместеното светло и вистинската композиција, прават манекенките да изгледаат совршено.


Обработка

Секако, фотографиите дополнително се обработуваат, се одзема непотребното а се додава недостатокот, така што моделот станува вистинска принцеза. Со помош на компјутерските алатки и само неколку минути може да се намалат нозете, рацете и струкот.

Шминка



Пудри, руменила, коректори со се и сешто располага денешната козметичка индустрија. Така,  акните, црвенилата, брчките, темните кругови околу очите се постоечки само вие не ги гледате. Кога манекенките ќе се препуштат во рацете на професионалци, тие стануваат се што посакуваат дизајнерите во модната индустрија.

 

Објавено:
2 август 2013
Категорија: 
Направи сам