Еден од најубавите обичаи за Ѓурѓовден: Сплетете си венче од свежо цвеќе

6 мај 2022

Денеска го славиме Ѓурѓовден, најголемиот пролетен празник посветен на Свети Георгиј Победоносец, a воедно ја слави природата, нејзиното будење и вегетација.

Со овој празник се поврзани многу традиционални обичаи, што се однесуваат на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, разлистувањето на овошките и раззеленувањето. Еден од најпрепознатливите е обичајот на плетење венец од свежи цвеќиња кој што за бериќет се поставува на влезната врата од домот и таму стои цела година, до следниот Ѓурѓовден. Исто така се плетаат и венчиња од „ѓурѓевско цвеќе": ѓурѓевка, млечка и други.

Овој убав обичај, нè поттикна да побараме идеи што ќе ви ги предложиме да го обележите празникот, со тоа што ќе си сплетете венче од свежи цвеќиња и ќе си го разубавите денот.

Покрај традицијата и од моден аспект, цветните венчиња важат за атрактивен моден додаток, особено овој период од годината, а често ги среќаваме како впечатливо надополнување на колекциите на Долче и Габана и руската дизајнерка Улијана Сергенко.

Во фото галеријата во продолжение, направивме избор што нема да ве остави рамнодушни.

Фото: Пинтерест

Објавено:
6 мај 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.826 пати
Тагови: 
цветни венчиња