Едноставни трикови како да изгледате убаво на секоја фотографија

21 ноември 2013

Како да изгледате убаво на секоја фотографија, па дури и на онаа случајната? Познатата фотографка Дијана Ленс со вас споделува неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да имате добри фотографии без да се двоумите дали да ги објавите на вашите лични профили.

-Вежбањето поза пред огледало е основниот чекор. Неколку дена спознавајте се преку огледалото која е вашата најдобра поза и поставеност на лицето, вели Дијана. На пример некои од нас излегуваат подобро од една страна , а од друга помалку. Фотографирајте неколку фотографии и пронајдете ја вистинската позиција на телото за вас. Можеби звучи малку нарцисоидно, но ова е само проба, не навлегувајте во детали.

-Доколку сакате да изгледате послаби, позирајте од страна. Ваквата поставеност на телото само со свртена глава кон објективот, ќе направи вашата силуета да изгледа потенка.

-Од триковите на Ленс таа издвојува дека меѓу еден од најзначајните е поставеноста на главата. Таа објаснува дека славните личности речиси секогаш изгледаат убаво зашто имаат точна поставеност на брадата и погледот. Секогаш наведнете ја главата малку надолу, а со очите гледајте директно во објектив.

-И не е само поставеноста на телото, за да излезете убаво на фотографија. Исто толку значајно е добро да сте отспале, да јадете здраво и се разбира редовно да ја средувате вашата насмевка на заболекар. Убавите заби се вашиот  најдобар и најскап  аксесоар.

-Ова важи за девојките. Пред  да се фотографирате задолжително нанесете маскара, но само на горните трепки. Така очите ќе ви бидат потенцирани, а со тоа ефектот ќе биде како што посакувате. Никогаш не ставајте маскара на долниот капак трепки, така ќе ви се „затвори“ визуелно окото, особено ако имате ситни очи.

-Доколку се фотографирате на дневна светлина со вашиот мобилен телефон, исклучете го блицот, фотографиите излегуваат подобро.

-Шминката исто така е многу важна. Аплицирајте ја рамномерно на лицето, не претерувајте, зашто вашата фотографија сигурно нема да сакате потоа да се обработува на фотошоп, во тој случај не сте го постигнале бараното.

 

 

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам