Еве кои бои ве прават уште покрупни

27 август 2014

Знаете ли дека одредени бои визуелно го зголемуваат телото и прават да изгледате покрупно. Досега најчесто можевте да прочитате дека темните бои ќе ве направат визуелно послаби, па аналогно на тоа, светлите ќе имаат спротивен ефект.

Сепак, изборот на вистинската боја според градбата на вашето тело е нешто покомплициран, а зависи и од тоа каков облик на тело имате - круша, јаболка или со облини. Делот од телото кој го содржи најголемиот дел од вашата тежина влијае на тоа како треба да ги комбинирате боите.

Тело во облик на  круша

Ако имате ваков облик на тело, тогаш делот околу задникот и колковите се поголеми отколку горниот дел од телото. За да ја вратите рамнотежата на обликот на телото, направете избор со боите што долниот дел ќе го направат помал, а горниот поголем. Тоа значи дека би требало да носите светли маици на темни здолништа или панталони. За горниот дел од телото може да одберете и парче со дезен или детали што вниманието ќе го оттргнат од долниот дел. Карнерите и наборите се исто така добар избор.

Тело во облик на јаболка

Личностите што имаат градба на јаболка, поголемиот дел од својата тежина ја носат во пределот на половината. Со изборот на вистинската бојa треба да постигнете илузија на потенка половина од онаа што веќе ја имате. Тоа најлесно ќе го направите со широк ремен во темна боја (ако на пример носите фустан). Но, избегнувајте ги ремените со детали, држете се до едноставните. Исто така, носете потемни маици, а под нив нешто посветла облека. Темната маица преку светлата ќе го направи стомакот помалку видлив.

Ако не сакате премногу да се истакнувате, бордо, како и модрите нијанси ќе бидат исто така одличен избор, а доколку пак сакате да бидете во центарот на вниманието, ќе ви прилегаат и вибрантни бои.

Тело со облини

Ако имате големи гради, веројано многу жени ќе ви позавидат на привлечната фигура, но со погрешен избор на облека, може да изгледате многу покрупно од тоа што веќе сте. Така, избегнувајте ги ригите и пастелните нијанси, како и белата боја. Црвента боја одлично им прилега на жените со облини, како и интензивно сината и смарагдно зелената.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Направи сам