Формални парчиња за впечатлив работен имиџ

27 мај 2014

Веруваме дека секое утро имате дилема како да се облечете за на работа. Сигурно најчесто на памет ви паѓаат сакоата, класичните модели на панталони, кошулите итн. Но, формалните стајлинзи може да станат многу позабавни, доколку се разбира го направите вистинскиот избор и комбинација. Од содржината во продолжение и ние ви предлагаме најчесто формални парчиња, но во интересни и живи конструкции и бои. Посочуваме неколку комбинации што секоја девојка и жена која работи во канцеларија може опуштено  да се инспирира  и да ги комбинира на забавен начин.

Дека  имате џек-пот канцелариски стајлинг  ќе се уверите и откако ќе добиете комплименти од колегите, но и прашања од каде сте ја купиле конкретната облека. Раширете го дијапазонот на селекција при шопинг и инспирирајте се од оние предлози што ви ги предлагаме како солуција. Дефинитивно, за оваа топла пролет-лето сезона неопходни парчиња од аксесоарите нека ви бидат колоритните чанти, рамните еспадрили, некој нов црн модел на сандали на дебела потпетица и женствена шапка. Во однос на облеката, сугерираме на широките панталони и оние што  создаваат визуелна игра дека се здолниште, комбинезоните,  како и на фустанчињата во цветен принт.

Нов актуелен трненд за кој неодамна пишавме се и дводелните комплети, споени од класични панталони и сако, како и такви сочинети од здолништа во молив или А крој и кошула. Голем тренд се и елеците кои можете лесно да ги најдете низ продавниците. Разгледајте ја галеријата и одлучете што ви недостига за вашиот работен имиџ.

 

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Направи сам