Хит на Инстаграм: Направи сам - од кутија за леб до украсна масичка

12 август 2022

„Направи сам" проектите се една од корисните содржини на социјалните мрежи кои може да нѐ научат на инвентивни и корисни трикови што ќе ни го олеснат или разубават секојдневието.

Предноста е што преку ваквите проекти може да им дадете нова функција на старите и некорисни предмети и да го продолжите нивниот животен век. Со тоа ја штедите и природата и домашниот буџет.

Па во тој контекст ќе ви посочиме еден таков „DIY project" што веќе одреден период е хит на Инстаграм и Тик-Ток.

Се работи за пренамена на дрвена хутија за леб во украсна масичка што може да ја поставите покрај креветот во спалната или детската соба или пак да го надополните декорот на дневниот престој во вашиот дом.

Во наведените примери се користи познатиот модел на кутија за леб од Икеа, „Magsin".

Изработката е многу едноставна, а резултатот е навистина симпатичен.

Потребно е само на постолје да се залепат две кутии за леб, а дополнително може да ги обоите со боја за дрво, во некоја нијанса која што соодветно ќе се прилагоди на вашиот ентериер.

Еве дел од резултатите што можеби ќе ве инспирираат.

 

Објавено:
12 август 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
674 пати