И во балетанки нозете можат да изгледаат визуелно подолги

21 февруари 2014

Кога сакате нозете да ви изгледаат подолги, облекувате високи потпетици. Меѓутоа, тие не се единствениот начин за визуелно да ги издолжите нозете. Можеби ви звучи чудно, но и во рамните балетанки нозете можат да го добијат истиот ефект.

Нагласете ја должината на нозете од струкот

Нагласениот висок струк е вашиот најдобар пријател кога е во прашање создавањето илузија. Ако имате долго торзо никогаш не го сокривајте струкот.

 

Облека и обувки во иста боја

Комбинирајте ја бојата на панталоните или маичката со бојата на обувките. Така ќе создадете илузија за должината на нозете се до врвот на прстите. Ако нозете ви се откриени, пример во кратки панталони или здолниште, носете обувки во боја на кожа односно пастелни.

 

Соодветна форма на обувките

Формата на обувките е меѓу најважните сегменти за подолги нозе. Доколку предниот дел има широко затворен отвор и покрива поголем од стапалото, ваквите модели ја скратуваат ногата. Носете такви со поголем отвор во пределот на почетокот од прстите.

 

 

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам