Идеи како да ја украсите велигденската трпеза

17 април 2020

Веруваме дека подготовките за неделната велигденска трпеза се во тек. Секој според можностите, но со искрено срце, ќе се потруди да го направи овој ден уште поубав, топол и пријатен.

За атмосферата секако се најважни личните чувства и семејството, но секако за севкупниот впечаток ќе придонесе идекорацијата во домот.

Овој пат акцент ставаме на трпезата.

Можете да ја уредите тематски по боја - да биде во боја или две, или пак да биде потрадиционална, која подразбира минимум декорации, а акцентот е ставен на она што е на масата.

Сепак, ако се одлучите за помодерните варијанти, оваа сезона акцентот е ставен на белите, жолти и зелени тонови. Природните нијанси (дрво) се секогаш актуелни и се спој помеѓу традиционалното и современото. Последната колекција на „Зара Хоум“ ги става во фокус токму дрвото и природноста.

Но, тоа не значи дека треба слепо да се држите до тоа, одберете слафетки, кошници, чинии... во боја која ве прави весели.

Ние имаме неколку предлози кои ги најдовме на социјалната мрежа Инстаграм, а сигурни сме дека ќе ве инспирираат бидејќи изгледаат свежо, привлечно, убаво, празнично, топло...

Погледнете:

Објавено:
17 април 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.536 пати