Имате проблеми со постпразничниот стомак? Еве како да го сокриете!

9 јануари 2014

По завршувањето на празниците и слободните денови за кои веруваме дека ви беа исполнети со долги уживања на масата и креветот, доаѓа делот кога мора да се соочиме со „последиците“.

fifi

Воопшто не вознемирувајте се доколку утрово бевте изненадени од постпразничниот стомак за кој како да не знаете од каде се појави, туку едноставно прочитајте ги нашите совети.

Се додека не се решите да го посетите фитнес центарот каде бевте чест посетител пред празниците, одберете малку поширока облека од вообичаено.

Ние ви нудиме неколку комбинации со широки парчиња облека, што се совршени за периодот после празниците во кој ја пребројуваме количината сармички, кифли и руска што ги внесовме во занес.

Комбинациите се совршени за на работа, кафе со пријателките или вечерна забава.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам