Ако го кликнавте насловот, добредојдовте во групата жени што спаѓаат во групата „Тип на тело: Круша“.
Македонските жени имаат најчесто ваков облик на тело, а во продолжение ќе прочитате практични совети како да го истакнете најдоброто со облеката.
Со оглед на тоа дека кај овој тип тело, рамениците и горниот дел од телото е потесен, градите се помали, а колковите и бедрата се широки, ставете го акцентот токму на горниот дел, со цел да добиете складна пропорција.
Што да избегнувате
-Парчиња со рамен крој кои го сокриваат струкот
-Не носете претерано тесни фармерки или панталони
-Избегнувајте принтови и материјали со текстура при изборот на панталони
-V израз при изборот на блузи
-Тесни кратки ракави кои ќе ве сечат
-Ѕвонести ракави со 3/4 должина
-Избегнувајте јакни со должина до колковите
-Фармерки со низок струк
-Фустани со прав крој
Што да практикувате:
-Инвестирајте во добар градник, со пуш-ап (но не претерувајте)
-Во горниот дел носете посветли бои
-Носете принтови што привлекуваат внимание, ткаенини со текстура и детали
-Носете облека која го нагласува струкот - кратки јакни, струкирани парчињам, сакоа и капути со дворедно закопчување...
-Слоевито облекување во горниот дел исто така создава визуелна складност
-Носете потемни бои во долниот дел
-Фармерки со висок струк, ѕвонести ногавици или широки, прави....
-Кошули со панделки или други украси во горниот дел
-Карнери во горниот дел - може да биде и некоја креација со голи раменици
-Фустани во А-форма
А сето ова во продолжение можете да го видите низ фотографиите: