Инспирација низ 20 фотографии - како да ја декорирате празничната трпеза

5 април 2022

Никогаш доста од празнична инспирација. Овој пат вниманието го свртевме кон тоа како би можеле да ја декорирате празничната трпеза.

Еден од наједноставните начини е да ја прекриете масата со декоративен чаршав со велигденски мотиви или пак цветни, да асоцира на пролет, на природа.

Потоа, можете да искористите теглички, во кои ќе ставите цвеќе или пак ќе ги наполните со велигденски јајца, покрај стандардните корпи кои можат да бидат во различни бои.

Салфетките значително можат да го поправат впечатокот кога е изгледот на празничната маса во прашање. Низ интернет просторот можат да се најдат разни туторијали за тоа како да ги врзете. Или доколку не сте многу вешти во тоа, можете да купите прстени за салфетки со велигденски мотиви и така да си олесните. Тоа ќе биде доволен украс.

Ова се само некои од начините, во продолжение погледнете ги 20 предлози и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
5 април 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.195 пати