Последниве неколку години огромен хит станаа малите европски брендови кои изработуваат фантастичен мебел и додатоци за детски соби кои мајките едноставно ги обожаваат.

Преку нивните онлајн продавници можете да најдете буквално сѐ, почнувајќи од постелнини со интересни натписи, мини шатори за во соба, слатки килими, украси за ѕидови, перници, постери, ламби и што уште не.

Доколку еден од проектите за долгото, топло лето ви е реновирање или декорирање на собата на вашите дечиња, тогаш во собите на овие светски блогерки ќе најдете вистинска инспирација.

Сопственичката на австралискиот блог oh.eight.oh.nine, дизајнерка на ентериер и блогерка, Тарина Лиел, во собата на нејзиниот син смести нежни, пастелни нијанси на слатки детали кои ја наподолнуваат белата основа и сивата боја на подот и ѕидовите.

Мебелот е во комбинација со светли тонови на дрво, а сето тоа е уредено одмерено и со особен вкус. Слатките детали вклучуваат постери, кукли од материјал, перничиња, натписи на ѕидовите и уште многу други интересни детали.

Сопственичката на скандинавскиот бренд Телкидо, Марија Саба сосема сама го смислила изгледот на собата на нејзиното дете и во истата смести неверојатно креативни парчиња меѓу кои и хартиени и корпи од материјал за потребите на нејзиното детенце.

Во неговата соба постави и мал шатор кој се чини е вистински хит кај уредувањето во последно време, но и шармантни и нежни перничиња, килим во светла боја и фантастични зелени тапети со кактус како главен мотив.

Швеѓанката Јоана, сопственичка на брендот Wilwig на кој постојано објавува фотографии од нејзиниот стан, има две дечиња чии соби ги уреди со детали од познатите брендови кои ги споменавме.

Во едната соба постави мапа од светот, додека во другата тапети со илустрирани мали дрвца. Геометриската постелнина, налепниците на ѕидовите, постерите со цитати, слатките лампи се само дел од ентериерот што нејзините деца едноставно го обожаваат.

Погледнете некои од собите што познатите блогерки ги уредиле за своите најмили и пронајдете инспирација за викенд проект.

Извор: Journal.hr

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.787 пати