Како белите патики да останат навистина бели?

29 мај 2020

Белите патики се „спортска класика" и постојат низа причини поради кои ги обожуваат, дури и оние кои не се склони кон спортска облека и изглед.

Лесно се комбинираат во секоја комбинација, кога сакате истовремено да се чувствувате и удобно и дотерано.

Но, има еден проблем: брзо се валкаат.

Токму поради ова, секогаш сме во потрага по ефикасни решенија за овој неизбежен момент кога често ги носиме омилените бели патики.

Во зависност од тоа, дали патиките се платнени или кожени, постојат различни алтернативи што можат да послужат како начин како да ги исчистите.


Платнени патики
Техниката што може да ја искористите за да ги отстраните флеките од платнените бели патики, вклучува едноставна процедура: на влажна крпа или на стара четка за заби, ставете малку обичен сапун и полека, со кружни движења, отстранувајте ја флеката. Друга варијанта е со комбинација на вода и сода бикарбона – направете смеса и оставете ја неколку минути да отстои, а потоа отстранете со влажна крпа.


Кожени патики
За кожени патики ќе ви бде потребно посебно млеко за чистење на кожени чевли, но доколку немате такво при рака, тогаш солуција е и раствор од шампон за коса. Протријте ја флеката со старата четка за заби, додека не исчезне. За белите ѓонови пак, користете смеса од еднакво количество вода и сода бикарбона.


Извор: Elle

 

Објавено:
29 мај 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.605 пати
Тагови: 
бели патики