Како би изгледал вашиот лик на плетена кукла

15 февруари 2023

 

Пребарувајќи по социјалните мрежи наидовме на интересни рачно изработени куклички.

Секое одвоено време и енергија за да се создаде нешто уникатно е за пофалба, но она што овојпат ни го привлече вниманието беше тоа што кукличките се изработени според одреден лик.

На Инстаграм ги најдовме под името @pletenikuklicki.irena и бевме воодушевени од прецизноста на изработката.

На фотографиите можат да се видат рачно изработени ликови од вештите раце на мајсторот, кој за себе вели дека е „happy doll maker“.

Куклите и останатите играчки што ги гледаме на профилот, се изработени од памучен конец и секако голема љубов.

Објавено:
15 февруари 2023
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.247 пати