Како да ги комбинирате панталоните со висок струк?

19 март 2014

Еден од омилените трендови за оваа сезона дефинитивно се панталоните со висок струк. Центарот на вниманието кога и да ги облечете секако дека ќе бидат вашите нозе со кои тие ќе се истакнат.

Што се однесува до комбинирањето на истите, има неколку трикови со кои може да добиете поголема самодоверба кога и да ги облечете.

Со оглед на тоа што истите се со висок струк, нормално е да ги носите со куса маичка или пак кошула или блуза ставена внатре во панталоните.

Доколку сметате дека вашето тело сѐ уште не е подготвено за куси блузички, одозгора облечете некое подолго палто или пак тренди елече со кое ќе го покриете задниот дел од телото, а сепак ќе изгледате секси во панталоните.

Истите најдобро изгледаат доколку ги комбинирате со едноставни блузи, маички, џемпери или пак лесни и лелеави кошули.

Оваа пролет е вистинското време да си набавите едни доколку сѐ уште не сте го сториле тоа и да уживате во комбинирањето на истите.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од најдобрите модели и како истите се комбинирани и веднаш инспирирајте се!

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Направи сам