Уште само неколку недели до стартот на едно од најубавите годишни времиња – есента, па можеби сега е вистинско време да почнеме да се подготвуваме за истата.

Доколку ова лето имавте некои омилени парчиња од кои ќе ви биде тешко да се простите, воопшто не грижете се бидејќи со само малку труд, истите можете да ги вметнете и во есенските комбинации.

Воопшто не значи дека во студените есенски денови мора да се откажете од вашиот омилен фустан на тенки прерамки или пак од кусите тексас панталони кои девојките оваа есен ќе ги носат со волуменозен топол џемпер.

Без да се двоумите, одберете едноставна бела маичка на долги ракави и комбинирајте ја со било кој фустан на прерамки, а на било кој комбинезон едноставно додадете му долг џемпер во неутрална боја.

Кусите чизми и оваа есен ќе бидат едни од омилените, па така без проблем носете ги со сите лелеави фустани, отворените сандали на потпетица со џемпер – фустан, а за елегантен изглед одберете кошула под било кој фустан или пак со вашето омилено здолниште.

Модните додатоци ќе играат голема улога оваа есен, па така не заборавајте ги стилските шапки, долгите и куси марами околу врат, тексас јакните врз свилените фустани и што уште не.

Бидете целосно подготвени за едно од најубавите годишни времиња!

Објавено:
25 август 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.936 пати