Како да го комбинирате вашето омилено пенкало здолниште?

30 мај 2014

Добро знаеме дека оваа сезона едно од омилените парчиња на дамите се елегантните пенкало здолништа кои што може да се носат за повеќе прилики.

Веруваме дека веќе си набавивте едно за сезонава, но со оглед на тоа дека истото има висок струк и апсолутно ја истакнува женската фигура, истото треба внимателно да го комбинирате.

Секако, најелегантно ќе изгледате доколку кошулата или блузата  што ја одбравте,  ја вовлечете  внатре во здолништето со што дополнително ќе се истакне вашата половина.

Доколку сте повеќе за шик и лежерен изглед, одберете некое поедноставно здолниште кое ќе го комбинирате со сосема едноставна еднобојна маичка која што ќе ја пуштите лесно да паѓа врз здолништето со тоа што дел од предниот страна  ќе поставите внатре.

Обидете се здолништето со висок струк да го носите со високи потпетици за дополнително да се истакне вашата фигура, но можете да одберете некое поедноставно и поспортско кое  ќе го комбинирате со ниски чевли како еспадрили, балетанки или пак за шик изглед, дури и со старки.

Доколку сѐ уште немате доволно инспирација за комбинирање на ваквото здолниште, погледнете ја нашата фото селекција каде ви ги претставуваме пред сѐ нашите омилени за сезонава – Бурбери (пролет/лето 2015) пенкало здолништата.

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Направи сам