Оделото е тренд чија актуелност не минува. Комбинација која одлично се вклопува и во деловен, но и свечен дрес-код.
Но, тоа што нешто е тренд, не значи дека секому му прилега. Сепак, постојат одредени трикови и совети кои вреди да ги примените за да го одберете најдобриот крој на одело за вас, а дел од нив споделуваме со вас во продолжение:
Одело со панталони со висок струк
Овие панталони ја истакнуваат женствената силуета кај жените што немаат изразени облини. Тие ќе додадат волумен во делот на колковите. Одлично изгледаат на влечки или салонки на пониска потпетица. За вечерна варијанта супер комбинација е со сандали на врзување и топ со тенки прерамки.
Одело со бермуди
Понов тренд кој е како создаден за повисоки девојки, жени. Без оглед дали ќе се одлучите за еднобојна или дезенирана варијанта, ова ќе биде супер избор за моментите кога ќе сакате да споите класична и модерна естетика. Одело со бермуди комбинирајте го со сандали, мокасини, похрабрите би оделе и со влечки, а секако одговараат и чевли со пониска потпетица.
Лежрно одело со широки панталони
Едно од најомилените комплети на многу жени, а модните стручњаци би рекле и задолжително парче во гардероберот на ниските девојки. Лелеавите ногавици ја издолжуваат фигурата. Ако со сакото се чувствувате премногу формало, одберете тогаш широка кошула. Во тренд се беж, црни, или кафени нијанси, а оваа комбинација најдобро изгледа ако е од природен материјал, како што е на пример ленот.
Рамни панталони и сако со нагласени раменици
Ако колковите ви се критичен дел од телото, тогаш панталоните со рамни ногавици и препеглан раб ќе ве избалансираат. Исто така, добар избор за дами што имаат тип на телот „јаболко“, панталоните можат да бидат и со благо широки панталони. Ако не носите волуменозни парчиња облека, а сте ниски, ова може да ви дојде и како премногу нападно, па во тој случај, подобра опција се лежерните одела. Мокасините или салонки или балетанки се добар избор на чевли.
Совет повеќе:
-Сакото треба убаво да „легне“ на рамениците, не треба да го шири тој дел од рамениците уште повеќе.
-Избегнувајте сакоа со набори кај градите или во струкот
-Сакото во задниот дел треба да ја следи линијата на телото
-Ракавите треба да бидат средно широки, колку што е потребно, за да не создаваат диспропорција или пак ако се премногу тесни да се собираат.