Како да изберете машка чанта?

23 септември 2013

Мажите со изграден стил како дел од својот имиџ задолжително поседуваат машка чанта. Живееме во време кога дизајнерите нудат можност и даваат насока дека и посилниот пол треба да носи чанта, но во стилизирана препознатлива машка линија на изработка. Веќе не се дозволени  преполнетите машки џебови од палтата и пантолоните, а достојна замена се врвно изработените чанти, кои сега може да се најдат во различни форми. Во продолжение прочитајте го водичот од кој ќе дознаете како да ја изберете вашата совршена машка чанта.

-Најпрвин добро размислете за каква намена треба да биде чантата: за на работа, за во училиште, за вечерно или дневно излегување. Овој момент е многу важен при изборот на моделот и изработката на овој важен аксесоар.

-Добро погледнете ја гардеробата во вашиот плакар, боите, рабовите, материјалите, нека тие бидат водилка која ќе ја дополни вашата визуелна естетика.

-Во однос на вашата дневна рутина и нештата што секогаш ги носите со себе, изберете ја големината на чантата.

-Кога веќе вложувате во чанта, таа нека биде квалитетна. Подобро е да платите повеќе и ја ја носите подолг временски период отколку да купувате повеќе модели за поевтина цена.

- Препорачливо е чантата да биде водоотпорна. Бидејќи доаѓа есен и зима, врнежливото време е неизбежно, затоа нека материјалот биде водоотпорен за да не дојде до дамки или уништување на чантата.

-Одете на класична варијанта.  Со безвременскиот модел сте сигурни дека повеќе години нема да се грижите дали вашата торба е во тренд или не.

Едноставно кажано , изберете торба која одговара на вашите потреби и ја подобрува вашата секојдневна облека без разлика дали стилот е бизнис- секојдневен, елегантен или спортски.

 

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Направи сам