Како да издржите на високи потпетици

27 јануари 2015

highheels_spinemd

Речиси и да нема жена што не ги сака чевлите со високи потпетици. Тие прават да се чувствуваме поубаво и секси. Но, голем број од жените имаат проблем – не можат долго да издржат на високи потпетици, чувствуваат болка и напор.

Како решение досега веројатно сте се сретнале со силиконските перничиња. Изработени од силиконски гел, тие се ставаат во предниот дел на чевлата, за да не „лизга“ ногата.

Друг начин е да ги намачката стапалата со сув шампон, со што исто така се избегнува лизгањето.

200142863-001

Но, има уште еден нов и многу евтин начин. Потребен ви се само обичен или медицински фластер.

Споете го третиот и четвртиот прст, броено од палецот, со фластер и подготвени сте за излегување.

Ако се прашувате како ова делува и зошто, треба да се каже дека овој трик е втемелен на мадицинска теорија. Помеѓу споменатите прсти се сокрива нерв виновен за болката во нозете. Кога прстите ќе се залепат, притисокот на тој нерв се намалува, со што и притисокот од високите потпетици полесно се поднесува.

Сепак, внимавајте да не ги залепите премногу цврсто, бидејќи е важно да имате циркулација. А уште еден совет плус е дека ова не е пожелно ако носите отворени чевли.

Објавено:
27 јануари 2015
Категорија: 
Направи сам