Како да ја исчистите гумата на патиките, а да не ги перете?

23 јули 2019

Патики се обувки од кои никогаш не се откажуваме. Тие се во секоја сезона „ин“, но она што знае често да ни го расипе расположението додека ги носиме се валканите гумени делови.

Уште после само неколу носења, тие попримуваат нечистотија или жолтеникава боја. И сигурни сме дека досега повеќе пати сте посегнале по детергент за садови и сунѓер, но не сте го добиле саканиот ефект.

Ние имаме поефикасно решение, кое ви го презентираме во продолжение:

Потребно ви е: отстранувач за лак за нокти и памучна крпа

Постапка: Патиката навлечете ја на рака, за да ви биде полесно да ги исчистите рабовите. На делче од крпчето, ставете ацетон, па со него детално избришете ја гумата.

Ако е потребно, повторете ја постапката, но со нов, чист дел од крпата кој ќе биде натопен со ацетон. На крај, исперете ја крпата во топла вода, добро исцедете ја, а потоа убаво пребришете ја гумата. Резултатот ќе ве направи задоволни!

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.789 пати