Како да ја вратите мекоста на пешкирите?

18 август 2020

Сите сме се соочиле со проблемот на крути и груби крпи за бришење. Со тек на употребата, пешкирите ја губат својата мекост, но и моќ за впивање.

Ако имате ваков проблем и од „шмиргла“ сакате да ја вратите мекоста на пешкирите, прочитајте ги овие неколку совети во продолжение:

-Не преполнувајте ја машината за алишта. Ако сте ставиле премногу работи, тоа може да биде пречка да бидат добро испрани и на нив можат да се задржат траги на детергент и нечистотија, поради што на допир ќе бидат груби.

-Не користете премногу омекнувач и детергент: Не е вистина дека ако ставите повеќе прашок или течен детергент подобро ќе ги исперете. Вишокот детергент ги прави крути и груби.

-Користете оцет, наместо омекнувач. И покрај името, остатоците од омекнувачот можат да предизвикаат губење на мекоста на крпите, затоа погрижете се да го користите што помалку (користете го секој трето перење да речеме). Од друга страна, дестилираниот, бел оцет може да направи чуда.

Значи, постапката е следна:

Ако се нечисти, исперете ги како што вообичаено го правите тоа. Не сушете ги. Додека се уште влажни, ставете една шолја бел оцет директно на пешкирите, а потоа третирајте ги преку редовен циклус на перење, користејќи топла вода. Исперете ги, а потоа направете уште еден циклус на перење, но овој пат наместо оцет, преку пешкирите нанесете половина шолја сода бикарбона. Исушете ги како што тоа го правите вообичаено.

Доколку е возможно, перете ги одвоено од другите работи, а ако ги сушите во машина, мало тениско топче во бубањот може да ги направи уште помеки, бидејќи топчето нежно ќе ги „удира“ крпите и ќе ги направи уште поволуменозни и меки. Некои тениското топче го практикуваат и во машината за перење.

Но, ако не сакате да се соберат или имате потврдокорни дамки, во тој случај, студената вода е подобра за перење отколку топлата.

Важно е сепак да не ги пресушите, бидејќи и тоа придонесува за нивната грубост.

Резултатот ќе бидат меки пешкири, како тукушто купени.

Објавено:
18 август 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
612 пати