Едни од омилените летни обувки се секако оние на полна пета. Удобни се, а сепак визуелно издолжуваат.

Независно дали ги сакате правилните или откачените форми, веруваме дека се вашиот прв избор за летните месеци.

Она што ние ви го презентираме се парчиња кои можете да ги комбинирате. Иако сме во втората половина на летото, топлите денови нема скоро да нè напуштат, па можеби овие фотографии дополнително ќе ве инспирирате како модно да ги усогласите вашите омилени обувки.

Без разлика на тоа дали го негувате лежерниот или поелегантниот стил, веруваме дека ќе ја најдете вашата идеална комбинација.

 

Објавено:
14 август 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
5.187 пати