Есента некако многу брзо дојде во нашиот град, па иако можеби некој сѐ уште ги смета летните комбинации за соодветни, сепак мора брзо да се подготвите за ниските температури што доаѓаат.

Покрај џемперите кои се вечно задолжително парче, оваа есен во комбинациите внесовме и малку свежина и нешто на што особено му се радуваме.

Иако дуксерите со качулка беа огромен хит пред многу години, оваа сезона трендсетерките за многу кратко време повторно ги популаризираа.

Доколку мислевте дека тие се носат единствено за вежбање и прошетка, оваа сезона девојките го докажуваат токму спротивното.

Тие ги носат со класично палто, шик мантили, топли јакни и капути, класични панталони, фармерки, здолништа, бели патики, чизми, па дури и високи потпетици.

Стилските жени сезонава се супер креативни па ни нудат огромен број можности како можете да ги носите и комбинирате.

Покрај тоа што се неверојатно стилски, истите се и удобни па така ќе можете да уживате во нив во било која пригода.

Во моментов најактуелни се дуксерите од линијата на Yeezy, Off - White и Vetements каде одличниот Демна Гвасалија прави одлични парчиња кои се продаваат по вртоглави цени.

Ако пред неколку години ги спакувавте и се збогувавте со дуксерите, тогаш сега е вистинско време да ги најдете!

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.129 пати