Како да одберете совршен модел фармерки според градбата на вашето тело?

11 јули 2019

Изборот на совршени фармерки што добро ќе ви стојат е навистина тешка работа, па така најчесто ќе најдеме еден модел до кој се држиме во разни нијанси.

Но, како поминуваат сезоните, така се менуваат и трендовите, па секогаш постои некој нов модел што ни се допаѓа, но за кој не сме сигурни дека добро нѝ прилега.

Fashion Wanderer

Во светот на модата, постојат правила според кои може да се движите кога одите во шопинг на фармерки, а истите ви ги презентираме во прилог.

-Иако секоја сезона се менуваат трендовите, вие не мора секогаш да се водите по тоа, бидејќи некогаш едноставно, некој тренди модел што ви се допаѓа, не е за вас.

-Секогаш кога пробувате фармерки, облечете ги, прошетајте се, седнете за да можете да видите дали ви се удобни. Ако се создаваат набори околу половината или кај задникот, тогаш ви треба поголем број или сосема друг модел.

good_housekeeping

-Ако имате облини, внимавајте кога купувате фармерки со висок струк, за да не ги истакнете дополнително.

-Долгите нозе истакнете ги со тесни, slim fit фармерки.

-Високо поставените џебови визуелно го подигнуваат задникот.

-На дамите со полна фигура, најмногу им одговараат фармерки со малку пошироки ногавици, односно со иста ширина од колковите па надолу.

MFMK

-Веќе знаете дека темните фармерки ги кријат килограмите, но нема да згрешите и доколку одберете соодветни фармерки во светла нијанса и ги комбинирате на стилски начин.

-На ниските девојки со ситна градба најдобро им стојат тесни фармерки со стандарден, но не висок струк.

-На високите девојки со долги нозе им стојат најголем дел од моделите, па може да експериментираат дури и со оние ѕвонести модели.

nydj

-Широките ногавици се за оние дами со облик на тело во форма на „крушка“.

-Дамите со овој облик на тело, најдобро ќе се чувствуваат во фармерки со малку понизок струк.

Ви помогнавме ли?

Инфо: Elle.rs

Објавено:
11 јули 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
699 пати