Како да се облечете за спортски натпревар

7 октомври 2013

sport 2

Стилот на познатите за време на спортските настани секогаш е забележан. Некои се истакнуваат по добрите комбинации, некои по оние помалку успешните. Нашите девојки пак, по се изгледа забораваат дека одат на спортски натпревар.

Некои се угледуваат на светските ѕвезди, па се средени од глава до петици по најнова мода. Други пак, за да го привлечат вниманието на некој од публиката или пак на терен, исто така се средуваат со комплетна шминка, фризура, високи потпетици и сл. И ако мислите дека таквиот избор е правилен или модерен се лажете.

Се разбира дека на спортски натпревар треба да изгледате средени, но треба да внимавате и на кое  место сте се упатиле.

Во продолжение следат неколку правила за тоа како да се облечете за спортски натпревар, а да изгледате и привлечно и модерно.

1.Џинс - џинсот е секогаш добар избор. Во него делувате и опуштено и дотерано, така што ретко кога можете да згрешите со овој избор.

2.Рамните патики до глужд, односно балетанките се одличен избор. Не само што се удобни, туку и убаво изгледаат.

3.Кога е во прашање горниот дел, можете да бирате  - маици со куси ракави, без ракави, блузи, кошули, сето тоа е дозволено, а пожелно е да си земете или кадриган или пак некоја јакна која во секое време можете да ја облечете во случај времето да се смени.

4.Кога се чантите во прашање, најдобар избор се они за преку рамо. Со нив рацете ви остануваат слободни, па така можете слободно да аплаудирате и навивате. Исто така, доколку треба да станете од местото или да направите простор да помине некој, нема да правите гужва со чантата.

5.Шминката да биде минимална и природна, како и фризурата.

sport 1

Тоа што голем број ѕвезди се облекуваат надвор од овие правила, па во нивните комбинации има се што е контра на ова што го напишавме, тоа е поради фактот што тие се ѕвезди. Ќе дојдат на натпреварот и ќе седнат. Ретко кој од нив навива или скока. А потоа веднаш си одат.

А доколку одите на натпревар за да бидете видени од некој, а не толку заради самиот спорт, дури и во тој случај послушајте ги правилата што ви ги презентиравме. Да сака некој да види како изгледате вие во вечерна комбинација, тогаш ќе дојде  во диско, а не на спортски натпревар. И уште нешто. На спортскиот натпревар на мажите им е важен само спортот.

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам