Како да стилизирате бели фармерки

16 јули 2015

Разбриливо е зошто белата боја е сеприсутна особено во летниот период – најпрактичен начин да се заштитите од топлото сонце, барем кога облеката е во парашање, е да носите парчиња во светли бои. Белата има уште една предност, а тоа е дека лесно се комбинира со целата палета на бои. Фармерките во бела боја пак, доаѓаат во пакет со актуелните трендови што ги налага бохо стилот.

Преку примери со познати девојки со префинет стил, ќе ви прикажеме неколку интересни начини како да ги стилизирате белите фармерки во вашиот секојдневен изглед.

Поп дивата Бијонсе важи за една од најдобро облечените пејачки на денешницата. Покрај тоа што нејзиниот сценски имиџ е секогаш впечалтив и спектакуларен, таа прави успешни стилски комбинации и во приватниот живот. Во овој случај таа белите фармерки ги вклопила во целосно бела комбинација што вклучува бела кошула и бела мантил, а ги надополнила со детали во капучино боја: шапка, чанта и елегантни сандали.

Омилената светска трендсетерка Алекса Чанг, направила минималистичка, а сепак ефективна комбинација со бели фармерки кои ги споила со спортска, бела маичка со натпис и ниски чевли.

Карли Клос со овој стајлинг е успешен пример на спортско-елегантен изглед што се состои од бели фармерки комбинирани со сиво сако, шапка и сандали. Ова е добар пример и за летен деловен стајлинг.

Согласно со нејзините години, но и благдарение на нејзината одлична фигура, Кендал Џенер изгледа симпатично во оваа варијанта на бели фармерки спарени со краток бел топ и кратка џинс јакна.

Топ моделот Миранда Кер важи за голема обожавателка на спортско-елегантниот стил во нејзиното секојдневие надвор од работните ангажмани. Па така често може да ја видиме во едноставен џинс со спортски маички. Во овој стајлинг, таа направила спој на белиот џинс со елегантна црна маичка и палто во беж боја.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.335 пати