Како до успех во модниот свет - совети од најмоќните жени

16 август 2014

fashion

Сите посакуваат да се успешни во она што го работат. Патот до успехот, оној вистинскиот, никогаш не е лесен. Во продолжение ви пренесуваме неколку совети од најуспешните и најмоќните жени во модната индустрија.

Не газете преку луѓе, поради остварување на сопствените цели - Тејлор Томаси Хил, стилистка

-На ова ме научи Ејми Астлеј, уредничката на магазинот Teen Vogue. Модата е индустрија во која сите се натпреваруваат. Ејми ме научи како да го прифатам таквиот став и да се создаде тим кој може да работи без самодеструкција, организирано и ослонувајќи се едни на други.

Бидете подготвени да преземете одговорност - Даниел Прескод, модна уредничка на американското издание на Elle.

-Најдобар совет кој би можела да го дадам на некој во модната индустрија е што повеќе да стажира и волонтира. Тоа е непроценливо искуство и најдобар начин да откриете што сакате од животот, кои се вашите доблести и недостатоци. Индустријата не е ни малку лесна и полна е со „гладни“ луѓе што ја сакаат вашата работа, но уверена сум дека трудот ќе даде резултати, особено ако имате добар, позитивен став.

Ништо не вреди, ако не го сакате тоа што го работите - Нина Гарсија, креативен директор на Marie Claire

-Морате нешто навистина да го посакувате и да ја негувате страста кон она што го работите. Модата не е постојано гламурозна, ниту лесна. Често ќе работите и прекувремено, па и она што не ви се допаѓа. И постојано ќе учите. Ако веќе толку време поминувате на работа, тогаш морате вистински да ја сакате, во спротивно брзо ќе се откажете.

Поставете си непријатни прашања - Џоана Колс, уредничка на Космополитен

-Ако ме прашувате каков совет да ви дадам, тогаш дефинитивно е тој да се запрашате: „Што правам јас во оваа професија?“, „Што сакам да постигнам?“ и можеби и најважното прашање „Што би направила кога не би ми било страв?“, а потоа бидете брутално искрени кон себе, па дури и ако одговорите не ви се допаѓаат. Обрнете внимание на своите инстинкти...“

Несигурноста е О.К - Ана Винтур, уредничка на Vogue

-Дури и јас некогаш се чувствувам крајно несигурно, но се однесувам како да не сум и донесувам одлука, била таа погрешна или не.

Бидете свои, оригинални - Ева Чен, уредничка на магазинот Lucky

-Сакам кога луѓето слободно ги изразуваат своите ставови и имаат свое „јас“.

Прифатете промена или времето ќе ве„згази“ - Натали Масенет, основач на Net-a-porter

-Во човековата природа е да се плаши од промените, но ако не се менувате од ден во ден, а особено на работа, некој друг ќе го земе вашето место - некој што не се плаши да испробува нови трендови и постојана едукација. Морате да се менувате и еволуирате.

Објавено:
16 август 2014
Категорија: 
Направи сам