Како од лампиони да направите Мики Маус украс?

4 декември 2020

Ако имате деца кои ги обожаваат Мики и Мини Маус, тогаш веруваме дека овој текст ќе ви го привлече вниманието:

Потребно: Силиконски пиштол (или ако немате, искористете добар лепак), ножички, нож за длабење, 1 голем лампион (немојте стаклени), два помали лампиони, поп-пом топчиња или што и да ви се допаѓа за украсување на површината, светкави машнички, светкава лента, пинцета (може и некоја постара)

Како се прави:

-Првин земете ги малите лампиони и отстранете го сребрениот дел, каде што се закачува кончето. Потоа, искористете го ножот за длабење и ножиците, за внимателно да го отстраните врвот. Бидете трпеливи, бидејќи ова е најтешкиот дел од целото украсување, но перфекцијата не е задолжителна. Секако ќе биде покриено со украс, така што немате причина многу да се грижите.

-Откако ќе ги подготвите малите лампиони, употребете го силиконскиот пиштол за да ги прцврстите на големиот лампион и да добиете форма на Мики односно Мини Маус. Држете неколку секунди за лепакот да се прицврсти, а потоа и за лепакот да се исуши.

-Потоа, откако формата е готова, земете ги топченцата и почнете да ги лепите. Можете да се послужите со пинцети или со рака, како ви е полесно. 

-На крајот додадете ги машничките. На крајот ставете ја и светкавата лента на горната страна на големиот украс и закачете го каде што ќе посакате. 

Објавено:
4 декември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.322 пати