Како од стар шал да направите нов

14 октомври 2013

Ова особено може да биде интересно доколку имате дете и тоа женско. Нема девојче што не би се израдувало на шалче со панделки, а вас тоа нема да ве чини ништо и ќе ви одземе многу малку време.

Потребно е да имате долг, стар шал или ако имате два со иста големина тогаш споете ги како на сликата.

Потоа извлечете квадрати од должината и штепнете ги, за да бидат одделни и така се додека должината на шалот ви го дозволува тоа.

На крајот со ресите или конец заврзете ги квадратите на средина да добијат форма на панелка и вашиот старо-нов шал е готов.

 

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам
Тагови: 
деца шал панделки