Како правилно да носите хеланки?

5 ноември 2013

Според светските стилисти, најпрво треба да се сфати дека хеланките ја немаат функцијата на панталони, туку еден вид на хулахопки. Кога ова ќе се разбере, тогаш многу комбинации што ги гледаме на улиците низ секојдневието ќе знаеме дека се чисто промашување. Хекленките во една комбинација, во никој случај не треба да се гледаат во целост или да ги откриваат комплетно нозете и никако не смеат да се комбинираат со кратки топови, блузи и маички, туку со кошули, туники или блузи кои ќе го покриваат вашиот заден дел.

 

Тоа значи, комбинирање со долги џемпери, палта, па дури и секојдневни кратки фустанчиња што го дозволуваат тоа. Хеланките спаѓаат во спортска облека, затоа не би било пристојно да ги носите поинаку од наведените правила.

 

Во никој случај не треба да си дозволите да отидете на работа со хеланки без да бидете покриени со соодветно горно парче, па ќе изгледате како да ви недостига гардероба од вашиот плакар за да се облечете соодветно и пристојно. Не си ја дозволувајте оваа модна грешка која патем и на посилниот пол не им се допаѓа.

 

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам