Како рационално да организирате мал простор

25 јули 2016

Рационално да се организира мал простор е вистинска умешност. Тоа значи естетиката и функционалноста меѓусебно да се надополнуваат иако самиот простор не дозволува премногу импровизирање.

Затоа клучно е максимално да се искористи целиот простор што ви е на располагање, а триковите во продолжение ќе ве инспирираат како тоа да го направите.

Мали дрвени скалички се идеални за сместување на вашите чевли во влезниот хол.

Дрвени гајби во комбинација со дрвени закачалки се одличен сет за организација на палтата, чантите и чевлите.

Огледалото закачено на ѕид визуелно го зголемува просторот.

Модифицирајте го стариот прозор во закачалка за клучевите, чадорите или шапките.

Доколку немате простор за плакар, директно на ѕид прикачете цевки што ќе ви послужат да ги сместите чевлите.

Уште неколку идеи за организација на мал простор, во продолжение:

Објавено:
25 јули 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.667 пати