Како се одржува зимската облека?

30 ноември 2013

winter-fashion-tips

Поради составот и видот на ткаенината од која е направена, зимската облека бара посебно одржување. Постојат неколку начини да ја сочувате од оштетување и да и го продолжите рокот на траење.

Јакните со пердуви треба да се перат два пати во текот на сезоната, затоа што ако премногу често ги перете, пердувите ќе се оштетат. Доколку ги перете во машина за алишта, направете го тоа во студена вода, не ги користете класичните детергенти за алишта, туку средствата наменети за осетливи ткаенини. Најдобро би било јакната да ја исушите во машина за сушење алишта, доколку имате, а ако се суши на воздух, повремено протресете ја, за да не се слепат пердувите.

Џемперите треба да се перат после шест носења, отприлика, а волнените бараат дополнителна нега. Пред перењето, свртете ги од внатрешната страна и перете ги со алишта во слична боја. Исперете ги два пати, а ако е можно сушете ги на отворено.

Капите, ракавиците и шаловите перете ги најмногу три пати во сезона, во машина за алишта или рачно, во зависност од типот на материјалот.

Волнените капути перете ги два пати во сезона, или еднаш, ако не ги носите често, и однесете ги на хемиско чистење. За капутот после перењето нема мирис на влага, сушете го на отворено и не го држите во плакар.

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам