Error message

Како соодветно да комбинирате шешири

30 јануари 2014

Моден додаток кој може да се адаптира на секое годишно време и во сечиј стил. Некогаш предзнак на социјалната и економска состојба, а денес неизбежен аксесоар во урбаната мода. Ве советуваме како соодветно да го синхорнизирате шеширот со останатите детали од  вашиот изглед и како да го прилагодите според обликот на вашата глава, за да го направите најдобриот избор.

Детали на кои треба да внимавате:

Кога одбирате шешир, погледнете се целосно во огледало. Не е доволно шеширот  добро да и стои само на вашата глава, туку на целосната појава;

Девојките со изразени облини треба да внимаваат шеширот да не ја поминува ширината на нивните рамена;

Секогаш обратете внимание од каков материјал е изработен шеширот и дали е соодветен за годишната сезона;

Препорачливо е изборот на шешир да го правите според остатокот од вашата облека. Секогаш земајте предвид кои бои доминираат во вашиот плакар;

Бидејќи со шеширот се заокружува комплетниот изглед, внимавајте на неговата складност со другите аксесоари во однос на дезенот, материјалот, изработката и целосниот стил;

 

Изборот на шешир според обликот на лицето:

Најзначајно е шеширот да го одберете соодветно со обликот на вашето лице;

Девојките со округло лице се препорачува да одбираат шешири кои визуелно ќе ги издолжат, како на пример каубојските шешири;

За лице со коцкаста форма најдобар избор се шеширите со остри рабови;

Овалното лице дозволува поголем избор на шешири, најчесто за ваквата форма на лице не постои погрешен избор;

 

Инспирирајте се од одлично склопените комбинации во уличната мода.

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам