Кимоно-палто за сите типови тело

4 февруари 2015

Кимоно-палтата се актуелен тренд, а воедно се и една од водечките тенденции за претстојната пролет-лето сезона.

Токму затоа во продолжение погледнете неколку идеи како да го искомбинирате ова парче облека во согласност со вашата градба, односно облик на тело. Иако примерите се однесуваат на идната сезона, кроевите на парчињата и советите околу боите можете да ги искористите и за актуелниот зимски период:

Облик на тело: Песочен часовник

Ако се одлучите да облечете кимоно-палто, не значи дека истакнатата половина нема да се забележи. Фустан со ремен на половината што ќе го носите со ова палто доволно ќе ги истакне вашите физички предности. Ако сакате да внесете повеќе боја, тогаш модните додатоци се вистинскиот избор каде можете да го примените тоа.

Облик на тело: Триаголник

Долги широки панталони се парче облека што морате да го имате во својот гардеробер, затоа што ќе додаде волумен во оној дел од телото каде што тој недостасува. На тој начин ќе ги избалансирате пропорциите, а кимоно палтото одлично ќе му прилега на вашиот развиен горен дел. Патиките нека бидат ваш избор, доколку преферирате удобност и практичност.

Облик на тело: Без облини

Ѕвонарките се уште еден тренд за овие две сезони, така што не само што ќе одговараат на вашиот облик на тело, туку и ќе ве направат ултра-модерни. Широка кошула ќе ви помогне да ги прекриете недостатоците во горниот дел од телото, а кимно-палтото врз неа ќе придонесе за саканиот волумен.

Облик на тело: Јаболко

Во овој случај играјте си со боите и текстурите, на тој начин што ќе ги нагласите точките што ѝ ласкаат на вашата фигура. Здолниште со ремен или широки панталони до глужд визуелно ќе го намалат струкот, а високите чизми ќе го насочат вниманието кон вашите нозе. Кимоно-палтото ќе внесе уште поголема рамнотежа во изгледот.

Во продолжение погледнете уште неколку изгледи што ќе ве инспирираат за да ја најдете совршената комбинација.

Објавено:
4 февруари 2015
Категорија: 
Направи сам