Кога е премногу: Совети за секси, но не и вулгарно деколте

16 март 2021

Сите го знаеме она правило - ако ги откриеме нозете, да го покриеме горниот дел, односно ако го откриваме горниот дел од телото, тогаш е добро нозете да се покриени.

Сепак, не сите се придржуваат на овој издржан совет, кој ќе ви го кажат сите модни познавачи.

Последниве години е посебно популарно истакнувањето на задникот, а на второ место по популарноста сега е деколтето кое некогаш го имаше приматот.

Без разлика што е на позиција подолу, ние денеска ќе се потсетиме на уште неколку корисни совети за тоа како да изгледате секси кога имате деколте, а не вулгарно.

И да, некои од познатите ѕвезди - како Кајли Џенер на пример, не се баш добар пример.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kylie (@kyliejenner)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kylie (@kyliejenner)

Границата помеѓу вкус и невкус, секси и вулграно знае да биде многу тенка, затоа е добро да се има познавања на темата.

Еве 5 златни правила кои ќе ви користат:

Соодветна долна облека 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon)

-Деколтето не се одредува по староста. Погледнете ги Софија Лорен (83), Хелен Мирен (72) или пак Сузан Сарандон (71) кои на совршено добар начин умеат да го носат деколтето посебно кога е црвениот килим во прашање. Но, ако сакате совршенство никогаш не излегувајте од дома без соодветна долна облека или мидер. Ако сте млади и витки, можете да поминете и со трака која ќе ви ги држи градите под парчето облека. Но, ако сте повозрасни, тогаш тоа не е баш така лесно, затоа носете долна облека која ќе ви овозможи добра потпора - советува стилистката Карен Кеј.

 

 Избегнувајте деколте во дневна варијанта

-Едно истражување на научници од Париз од 2016 година покажа дека жените кои се пријавуваат за нова работа и имаат фотографија со деколте, веројатноста дека ќе ја добијат работата е за пет пати поголема отколку оние што немаат таква слика.

-Сепак, покажувањето длабоко деколте на работа може да ви донесе репутација, но не и многу повисока плата. Постојат изрази кои се прикладни за дневна варијанта - како на пример суптилен V-израз, или пак четириаголен израз, но длабокото деколте е сепак за вечерни пригоди и излегување - вели модната стилистка Луси Хам.

 

 Оценете дали пригодата е за деколте или не

Стручњакот за бонтон Вилијам Хансон, вели дека пред да одлучите што ќе носите, треба да обрнете внимание на каков настан, свеченост или пригода одите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon)

 -„Повеќе е повеќе“ не важи кога се работи за покажувањето на атрибутите и откривање на кожата. Вистинските дами нема да покажат сè. Покажувањето на деколтето на забава е донекаде и прикладно, но на деловен состанок, важна вечера - неприфатливо е. Покрај тоа, запрашајте се, дали навистина длабокото деколте е практично. Сакате да танцувате и да им се покажувате на другите гости? Сакате луѓето да ве сфатат сериозно? Сакате да оставите добар впечаток? Ништо не треба да го одвлекува вниманието од вашата личност, посебно не деколтето - смета Хансон.

 

Стилизирајте се на вистински начин

-Можете да носите убава деколтирана маица или кошула, но морате да знаете како да ја стилизирате во склад со вашето тело. Тоа зависи од тоа колку ви се големи градите и какви раменици имате. Посебно е грешно кога имате длабоко деколте (а притоа и големи гради) да го истакнувате дополнително со долг и масивен накит - потенцира Карен Кеј.

 

 Не нагласувајте го постојано

- Во ред е да го нагласите деколтето и тоа на вистински начин. Но, ако тоа го правите секој пат кога сте во можност ќе значи само едно - сакате внимание. Природно е да сакаме да ги истакнеме своите најдобри делови, но понекогаш е многу подобро да го држите деколтето во тајност, а повремено да го истакнете, отколку постојано да им посочувате на сите дека тоа е најдоброто од вас - посочува Луси Хам.

 

Се согласувате ли со овие совети?

Објавено:
16 март 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
5.383 пати
Извор: 
express.co.uk