Кои модни грешки ги прават младите мајки

3 декември 2013

Moms-and-Peer-pressure

Кога жената ќе стане мајка, нејзиниот моден стандард, свесно или не, се менува. Веројатно модата никогаш во животот нема да ви биде толку важна како порано, но постојат некои работи кои сепак треба да ги избегнувате.

1.Големи чанти

Да, тие знаат да бидат практично, но сепак не се пакувате за на одмор, туку одите на прошетка, пазар, работа... На новите мајки секогаш им требаат многу работи, но наместо некоја чудна торба, купете си поголема, модерна женска чанта.

2.Истуткана облека

Точно е дека носите дете со себе, но во тој случај купувајте квалитетни материјали, кои не се туткаат. На мајките облеката треба да им биде лесна и удобна, а не неквалитетна и неуредна.

3.Спортски патики

Иако патиките се тренд кој веќе одамна излезе од спортските терени, тоа што сте родиле дете, не значи дека не треба да носите елегантни чевли. Можеби некое време ќе морате да се стрпите за високи потпетици, но не и од убави обувки.

4. Фармерки со низок струк

Ако својот струк не сте го вратиле во стара форма, немојте да носите фармерки со низок струк. Да, сите знаат дека сте се породиле и дека природно е стомакот да ви поголем, но тоа не морате да го покажувате и тоа очигледно.

5.Тенок жерсеј

Сите додека својата фигура не ја вратите сосема во форма, тенкиот жерсеј не е за вас. И на најзгодните жени, тесните фустани од тенок жерсеј знаат да изгледаат лошо, па нема смисла да се обидувате да облечете фустан кој некогаш ви стоел добро. Вашето тело е сменето и тоа треба да го прифатите.

Објавено:
3 декември 2013
Категорија: 
Направи сам