Кој е совршениот облик на нокти за вас

19 август 2016

Маникирот е секогаш во тренд, но особена експанзија доживеа последниве неколку години. И ако нашите мајки или баби знаеле само за еден облик на нокти, денеска постои многу поголем избор, но не секој е добар за нас.

Во продолжение погледнете ги најактуелните и откријте кој облик на нокти е најдобар за вашите раце:

 Облик: Заоблени нокти

Најдобри за: издолжување на кратки или набиени прсти

Предност: Едноставен и класичен, заоблените облици се најлесни за одржување во домашни услови, особено помеѓу одењето во салон. Заоблените и кратки нокти се идеални за оние што во работата најмногу ги користат рацете.

Како да ги носите: На вакви нокти најдобро прилегаат нијанси на беж.

 



Облик: Овални нокти

 

Најдобри за: оние што имаат широки нокти, но долги

Предност: Овални нокти често забележуваме на манекенките на писта, бидејќи се женствени и ги прават ноктите убави и по должина и по ширина. Слични се со оние од „лешник“ облик, но се „потапи“.

Како да ги носите: Најубави се цртани

 




Облик: „Коцкасти" нокти

 Најдобри за: широки нокти, но кратки

Предност: Стандардниот облик со прави агли всушност прави аглите да изгледаат суптилно, а без многу труд. Кога се пократки, тогаш се и помалку подложни на кршење, што е мошне практично за поголемиот дел од дамите

Како да ги носите: светкавите и сјајни нијанси се идеални за овој облик на нокти

 



Облик: „Коцкасто-овални" нокти

Најдобри за: љубителите на минималистички маникир

Предност: делумно овални, делумно „коцкасти“, нежно заоблените агли, никогаш премногу заоблени или премногу остри, ги прават универзален и идеален избор за сите типови на нокти, раце и прсти.

Како да ги носите: геометриски маникир



 

 

Облик: „Балерина" нокти

Најдобри за: љубителите на акрилни нокти

Предност: Долгиот и тесен облик што завршува со агли, потсетува на мртовечки ковчег или балетанките што ги носат балерини. Прецизноста при нивна изработка е круцијална.

Како да ги носите: со неутрални нијанси или минималистички цртеж

 




Облик: „бадем" нокти

 

Најдобри за: Долги, тенки прсти

Предност: Иако се долги, заобленоста ги прави примамливи. Сепак, доколку сте практичен тип на жена, ова можеби и не е најсоодвениот изглед на нокти за вас.

Како да ги носите: најдобро изгледаат со неутрални нијанси во основата и металик врвови.

 


 

 


 Облик: „Стилето" нокти

Најдобри за: издолжување на ноктите и прстите

Предност: Нема многу предности. Вљубениците во маникирот секако ќе сакаат да го испробаат и овој облик. Но, доколку за „бадем“ ноктите рековме дека се непрактични, за „стилето“ обликот тоа важи двојно повеќе. Ако се одлучите на ваков маникир, одвојте си повеќе време за во салон.

Како да ги носите: транспарентните нијанси и интересните и необични дизајни се добар избор за овој облик.

 

Објавено:
19 август 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.358 пати
Извор: 
Elle