Корисни трикови и комбинации со кои нозете ќе ви изгледаат подолги!

26 септември 2014

Сите девојки на светот ја немале таа среќа да се родат со долги и беспрекорни нозе како оние на Карли Клос или пак на прекрасната Жизел Бундшен.

 

Тоа воопшто не треба да ви биде пречка да носите куси панталони или здолништа, или пак да морате постојано да ги мачите нозете со превисоки чевли.

Бидејќи сме сигурни дека ерата на рамните чевли допрва доаѓа, мора да се соочите со фактот дека наскоро високите потпетици воопшто нема да ни бидат потребни, па сега е вистинското време да разгледате некои комбинации со рамни чевли.

Во продолжение, дознајте неколку интересни трикови за тоа како визуелно да ги издолжите нозете без да се мачите!

-Секогаш кога имате можност, носете фармерки или панталони со должина над глуждот. На тој начин, ќе добиете отмен и елегантен изглед, а доколку во плакарот немате фармерки со посочената должина, без проблем подвиткајте ги постоечките.

-Доколку себеси се сметате за девојка со куси нозе, секогаш бојата на чевлите нека ви биде иста со бојата на облеката или барем, во слични нијанси. Особено е важно панталоните и чевлите да ви бидат во иста боја, додека со горниот избор, слободно можете да си играте.

-Запомнете: Миди здолништата се резервирани за жените со долги нозе! Доколку сте вљубеничка на здолништата, секогаш одбирајте ги оние со должина над колената со кои ќе можете да ја истакнете онаа убавина што ја поседувате.

-Кога одите во потрага по фармерки, иако трендот вели дека оние со низок струк се враќаат на сцена, никогаш не ги купувајте. Многу подобро и повисоко ќе изгледате со фармерки или здолниште со висок струк, а уште подобро е кога истите ќе ги комбинирате со краток топ или јакничка што ќе ви овозможи визуелно издолжување на фигурата.

-Кога инвестирате во вашите зимски чизми, секогаш избегнувајте ги оние со неодредена должина до потколеницата, кои значајно ја скратуваат вашата фигура. Она што за вас е соодветно и практично, се чизмите до глужд со полна потпетица што ќе ги истакнат вашите нозе.

-Оваа сезона здолништата и фустаните во А – крој се нешто задолжително, а токму таквиот крој е како измислен за вас. Со здолништето во А – крој со висок струк и ремен на половината, ќе изгледате како ретро филмска дива.

-Панталоните или комбинезоните со вертикални пруги можеби ви изгледаат како затворска униформа, но покрај тоа што се неверојатно шик, тие ќе направат да изгледате многу повисоко од она што сте, а вашите нозе....тие ќе бидат приказна за себе!

-Кога носите рамни чевли, погрижете се секогаш нозете да ви се што е можно повеќе откриени. Купете си балетанки во кои ќе ви се гледаат прстите, благодарение на кои нозете ќе ви изгледаат подолги.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Направи сам