Коса со волумен во домашни услови? Да, можно е!

8 октомври 2019

На социјалните мрежи често гледаме совршени фризури за кои во реалноста сфаќаме дека се тешко достижни.

Но, на истите тие мрежи можат да се видат и интересни трикови, за кои модните блогерки се колнат дека се функционални.

Токму еден таков ќе ви презентираме денес, а го видовме кај блогерката Џилан Шарафани. Се работи за видео за тоа како во домашни услови да добиете коса со совршен волумен.

Потребно ви е крпа за коса, фен и цедалка. 

Постапката е следна: Косата исушете ја но не целосно, оставете ја малку влажна. Прамените на косата провлечете ги нис цедалката и почнете да ја сушите косата. Ситото ќе делува како дифузер, па ќе ја штити вашата коса од директната топлина од фенот.  Сепак, внимавајте да не загрее премногу. Резултатот ќе биде волуменозна коса, со совршени кадрици.

Обидете се и кажете ни дали ви успеало.

Видеото е во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gilan Sharafani (@gilmakeup) onAug 30, 2017 at 11:55am PDT

 

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
556 пати