Кралската сина ќе го обележи крајот на летото и почетокот на есента

29 јули 2013

Останатиот дел од летото и почетокот на есента ќе ги обележи кралската сина боја, која во најдобра комбинација ќе биде со белата боја.

 

Модните дезајнери и брендови низ своите кампањи и рекламни каталози веќе ги „откриваат“ своите карти за преминот од летото кон есента. Модниот рецепт би одел во таа насока што кралската сина најдобро ќе се амортизира со белата, а стандардно добро ќе се вклопи и со црни аксесоари, чанти, чевли и останати модни додатоци.

 

На менито се препорачуваат и припиени фустанчиња без ракави кои верно ќе стојат на служба на сексапилот, но и опуштените и романтични фустани нема да бидат промашување.

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Направи сам