Многу често потребен е само мал поттик што ќе ви ја разбуди фантазијата и ќе ве мотивира да создадете чуда.
Ова особено важи во празничниот период што е пред нас.
На сите ни недостига таа позитивна атмосфера и новогодишна магија, па не е чудно што повеќето од вас веќе започнаа со декорирање на домот иако можеби е уште рано.
Затоа, ако веќе сте на мисла како оваа година да ја донесете празничната енергија во вашиот дом, ние ќе ви посочиме неколку креативни идеи како да ги декорирате прозорците, па оттаму ќе оставиме на вашата креативност како да ја продолжите приказната.
Социјалните мрежи, особено Пинтерест и Инстаграм може многу да ви помогнат да пронајдете инспирација, па и да научите мноштво трикови како во едноставни чекори да постигнете ефективен декор со кој ќе ги украсите прозорците.
Секогаш може да направите уникатен аранжман со цвеќе и лампиони, со сијалички и гранчиња или пак да направите различни форми од картон, што потоа ќе ги исцртате со различни зимски мотиви. Идеите се бесконечни и чекаат на вашиот ентузијазам.
За почеток ѕирнете ги предлозите што ги сублимиравме во фото галеријата во продолжение.
Фото: Пинтерест