Летни парчиња во зимски комбинации

5 февруари 2016

Кога индивидуалниот имиџ е во прашање, не постојат правила. Па така, миксот помеѓу парчињата од различни сезони не само што не е невообичаен, туку е и добредојден.

Наместо да ја спакувате, искористете ја вашата сезонска облека за необични, но исклучително уникатни комбинации.

Во зимските аутфити може да комбинирате летна облека и сето тоа да изгледа складно, практично и штосно.

Ако основата е вашата вообичаена, топла облека, тогаш стајлингот може да добие една сосема поинаква димензија доколку го финиширате со парче типично за топлите летни денови.

Во прилог ви предлагаме неколку интересни идеи како да комбинирате летни маички во различни зимски, стилски комбинации.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.067 пати