Малку поинакви (креативни) елки...

3 декември 2020

Централно место во секој новогодишен празничен амбиент, се разбира има новогодишната елка.

Иако во својата оригинална верзија, новогодишното дрвце подразбира природно, зимзелено дрво, сепак низ годините неговите верзии се менуваат и се применуваат нови, атрактивни модели.

Сакајќи да ја разбудиме вашата имагинација и креативност, на Пинтерес побаравме какви поинакви верзии на новогодишни елки се актуелни оваа сезона.

Така наидовме на избор што многу ни се допадна и ни остави силен впечаток: елки изработени од дрвена конструкција во форма на триаголник, која дозволува да ја украсувате и декорирате на мал милион начини.

Според естетиката, овој тип на елки би ги карактеризирале како минималистички во една и рустични во друга варијанта.

Може да бидат изработени од наједноставен модел, со дрвени рамки во форма на триаголник, до поделикатни верзии со полици, дрвени гранки или пак во 3Д варијанта.

Ако сакате годинава да експериментирате со изборот на елка, погледнете ги нашите предлози.

Фото: Пинтерест

Објавено:
3 декември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.680 пати