Сепак, правилата постојат за да се кршат! И тоа во овој случај за доброто на вашиот стил. Понекогаш за соодветен изглед правилата не треба да се следат, туку да се одбегнат.
Не комбинирајте црно со морнарско сина боја
Бидејќи станува збор за две неутрални нијанси, се смета дека е најдобро да се носат одвоено. Иако станува збор за старо правило кое долго време се применувало, сепак одредени дизајнери како што е Келвин Клајн, решија да го прекршат ова правило и да направат комбинации кои ја докажуваат тоталната спротивност.
Мажите не носат шорцеви
Во минатото се сметало дека е некултурно мажите да носат шорцеви, се до Втората Светска војна кога климатските промени на одредени локации наметнувале промена на униформата. Подоцна практичната примена на ова парче придонело да стане дел од кежуал стајлингот на голем број Американци. Во денешно време, шорцевите наоѓаат секојдневна примена, но сепак треба да се направи строга дистинкција во однос на годините и пригодата.
Избегнувајте го канадското токсидо
Иако овој тренд бил ин во 80-тите и 90-тите години, од 2000-тата година се сметал дека е наменет само за кантри пејачи. Сепак Изабел Марант и Ралф Лорен го прекршуваат и ова правило истакнувајќи дека клучот е во комбинирањето на посветла и потемна нијанса на тексас.
Бојата на чорапите мора да биде иста како панталоните
Апсолутното совпаѓање на бојата на чорапите со бојата на панталоните се смета како правило во бизнис дрес кодот, односно доколку панталоните се во црна боја, тогаш такви треба да бидат и чорапите. Сепак, во последните неколку години се појавија толку различни трендови и брендови кои нудат интересни комбинации овозможувајќи поинаков изглед. Голем број смели мажи направија исклучок од ова правило со одбирање на модел и нијанса на чорапи кои апсолутно се уникатни од остатокот од изгледот.
Никогаш не го закопчувајте последното копче од кошулата
Според ова правило последното копче не се закопчувало освен доколку мажот не носи кравата. Сепак момците од групата Pet Shop Boys го докажуваат токму спротивното, а треба да се спомне и фактот дека Дејвид Линч овој стил го практикува дваесеттина години наназад.
Не се носи бел аутфит по завршувањето на Денот на трудот
Во минатото се сметало дека белата боја треба да се носи само во летниот период, а подоцна како правило се наметнало дека не треба да се носи оваа боја по одбележувањето на Денот на трудот, кој е воспоставен како државен празник во 1894 година. Сепак голем број модни куќи, меѓу кои и Шанел решија да се спротивстават на старите правила, наметнувајќи сосема нови, односно со носење на белата боја како за овој празник, така и во останатите сезони од годината.
Извадете ги капите и шеширите во знак на почит
Во минатото како правило се наметнувало вадењето на капата со стапнување во нечиј дом или пак канцеларија, а секако ова важи и кога поминувала дама покрај мажот. Но, во денешно време тоа е вообичаено само за специјални пригоди, но не и при менување на локација бидејќи капата се смета како моден додаток кој дава автентичност на изгледот.