Мини тајна на шик-стилот: здолниште плус џемпер

15 септември 2014

Често знаеме да си поставиме прашање- што да облечам за време на преодната сезона? На наша среќа фотографиите од улична мода низ светот често знаат да ни послужат да го решиме овој проблем.  Се наоѓаме во период кога од гардероберот се уште во служба ни остануваат летните парчиња, но и оние есенските што ги додадовме за посвежите денови. Можеби до пред неколку сезони комбинацијата на здолниште и џемпер ќе ни изгледаше ноншалантно и надвор од границите на стилските тенденции, но сега е вистинското време да се откажете од таа помисла и слободно да им пристапите на ваквиот индивидуален стајлинг во кој се пронајдоа многу модни следбеници.

 

Играта со должината и различните текстури се само бонус кој целата приказна ја прави уште поинтересна. Ваквиот стајлинг многу лесно ќе го споите со сандали на висока потпетица, елегантни салонки, па дури и патики.

Затоа не се двоумете и пронајдете го омилениот џемпер и омиленото здолниште, направете калкулација на денот и потоа одберете ги обувките. Несомнено е дека ќе уживате во сопствената модна специфичност и комплиментите од оние што навистина се почитувачи на уникатноста.

 

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Направи сам