Модни навики на кои треба да им кажете збогум

10 јули 2020

Сите имаме свои модни навики, но не сите ни прават услуга. Некои од нив напротив оддаваат впечаток дека сме повозрасни или имаме полошо тело одошто навистина имаме.

Во продолжение ви откриваме неколку навики на кои треба да им кажете збогум:

Погрешен градник: Градникот може да направи да изгледаш повисока, потенка, но може да биде и спротивно на тоа. Не само што нема да ви биде удобно да носите лош градник, а и болно, туку ќе ви направи проблем да ја одберете вистинската облека, која ќе ви прилега на телото.

Масивен накит: Понекогаш тоа може да изгледа симпатично, да му даде бохо нота на вашиот стајлинг, дури и да изгледа смело, но исто така може да изгледа како премногу натрпан и демоден стајлинг. Затоа, едноставните парчиња накит се секогаш подобра опција. Обетки со нараквица и ѓердан се сосема доволен избор, ако не сте умешни да мешате повеќе парчиња.

Цветен принт: Во ова време од годината е секогаш актуелен, посебно во нежни и пастелни бои. Но,иако можеби ќе мислите дека ви прави услуга да изгледате помлади, може да биде и сосема спротивното, особено ако принтот е блед, неутрален. За да не се најдете во ваква ситуација, бирајте геометриски принтови и ригите во светли нијанси.

Ниски чевли: Често се одлучваме за рамни чевли поради удобноста. Но, никогаш не претерувајте и не одбирајте обувки „до земја“. Дури и да сакате да носите да речеме мокасини, нека бидат макар на мала потпетица. Ногата ќе изгледа поубаво, а и нема да изгледате постаро отколку што навистина сте.

Широка облека: Нашиот прв избор доколку сакаме да сокриеме критични делови од телото. Но, сепак тоа честопати е грешка, бидејќи така нашето тело изгледа без дефиниција. Наместо да се фокусирате на криење, обрнете внимание на она што е добро и истакнете го. Здолниште со висок струк ќе создаде оптичка илузија да изгледате послабо, многу повеќе од широка туника на пример.

Доминација на црна: Наместо да покривате делови со црна, вие одберете ја сивата. Во комбинација со некоја друга малку поинтензивна нијанса (розова, портокалова и сл.), ќе направи чуда. Не е толку воочлива како црната, а ќе го направи саканиот есфект.

Несоодветен крој: Може нешто да е во тренд, но да не ви стои. Затоа, секогаш потпирајте се на она што проверено добро ви стои. Секогаш имајте на ум која големина ви е половината и должината на ногавиците.

 

Објавено:
10 јули 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.637 пати